Денеска, почнуваат еднодневните бесплатни излети за учениците од 1 до 6 одделение од училиштата на територијата на Општина Карпош.Екскурзиите се реализираат како дел од Програмата за образование за 2016 година, и вклучуваат посета на културно- историски обележја. Оваа година, основците ќе ги посетат манастирскиот комплекс Св. Ѓоргија во с. Дељадровце ( Кумановско) , Пеленица ( Драчевско) и Хиподром. Превозот на учениците ќе биде покриен со средства од буџетот на Општина Карпош. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во изјава за медиумите рече:
-Веќе започнавме со реализација на еднодневните екскурзии и дел од учениците отпатуваа веќе денеска. За сите ученици на територија на Општина Карпош од прво до шесто одделение, еднодневните екскурзии ги финансира локалната самоуправа. Ние за тоа имаме одвоено средства од буџетот на локалната самоуправа во износ од околу четири и пол милиони денари, и тоа се однесува на екскурзиите кои ќе се организираат во есенскиот и во пролетниот дел. Доколу цените бидат пониски ќе се потрудиме да организираме и дополнителни екскурзии на одредении категории на ученици. На пример, доколку се работи за деца од социјално ранливите семејства или се работи за ученици со посебни заслуги, како што се учениците кои освоиле високи места на републички натпревари како во кошарка, одбојка, фудбал, или во некој наставн предмет. За нив исто така ќе важат овие бенефиции покрај наградното патување кое традиционално го организираме во Тиват, Црна Гора.Екскурзиите се реализираат како дел од Програмата за образование за 2016 година, и вклучуваат посета на културно- историски о