На тема „Да го направиме семејното насилство видливо“, денеска, во просториите на УЗ „Карпош 1“, се одржа интерактивна трибина во чии рамки се дебатираше за насилството како социјална аномалија. Во Организација на општина Карпош, координаторот на Комисијата за еднакви можности, Виолета Михајловска и Организацијата на жени на Град Скопје, се говореше за причините за семејното насилство, како и за метедологијата на справување со оваа девијантна појава.
Низ конкретни примери, претставничките на Македонскиот центар за женски права
– „Шелтер центар“-Скопје, споделија различни искуства и предлози, охрабрувајќи ги присутните отворено да зборуваат за физичкото, психичкото и сексуалното насилство. Низ разговор се констатираше дека, освен Центарот за згрижување на жртвите од семејно насилство, постои реална потреба од отворање на Центар за работа со насилниците, каде тие би се ресоцијализирале.
Стручните лица предупредија дека, семејното насилство не смее да се толерира и покрај чувството на страв, чувството на помала вредност, надежта оти ситуацијата ќе се промени на подобро, или поради ирационален срам од неуспешност во исполнување на улогата на сопруг или мајка. Кон крајот на интерактивната трибина, присутните пополнија прашалници, кои ќе им помогнат на стручните служби поефикасно да се соочат со овој горлив проблем на денешницата.
Низ конкретни примери, претставничките на Македонскиот центар за женски права
– „Шелтер центар“-Скопје, сп