Под покровителство на УНЕСКО, денеска, во училишниот хол на ООУ „Јан Амос Коменски“ беа изложени 19 детски цртежи со познати личности од научниот, културниот и политичкиот живот на Република Чешка. На оваа културна манифестација присуствуваа и амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш и неговиот заменик, Јозеф Брож, кои секоја година доаѓаат во работна посета на ова училиште. Основците од „Коменски“, заедно со чешките дипломати, ги разгледаа ликовните творби и коментираа, за животот на познатите чешки великани и нивните дела, кои ја одбележале богатата историја на оваа централно-источна европска земја.Ликовната изложба, која тематски го носи насловот „Познатите чешки личности – претставени преку детски цртежи“, ќе биде отворена за скопската јавност 15 дена. Оттука, таа се сели во Охрид, за потоа да патува и низ останатите европски метрополи.
Традиционалната изложба се одржа во знак на одбележување на патрониот празник, со кој овој петок, ООУ „Јан Амос Коменски“ ќе наврши 52 години од своето постоење. Во духот на заедничката соработка, учениците им подарија на чешките дипломати, неколку рачно изработени креативни дела, кои симболично ги претставуваат добрите Македонско-Чешки културни релации.Ликовната изложба, која тематски го носи насловот „Познатите чешки личности – претставени преку детски цртежи“, ќе биде отво