Завршницата на Седмиот акварелен симпозиум организиран од Oпштина Карпош, вчеравечер кулминираше со изложба на уметнички дела во Кинотеката на Македонија. На изложбените паноа од префинетите дела на 18 реномирани домашни и светски акварелисти од десет земји ширум светот, можеше да се почувствува колоритот од сензитивни нијанси, кои оставија неповторлив впечаток пред присутните.Длабочината на пејсажите, експресивниот израз на акварелот и уметничката инсталација, како и истакнатите симетрични форми и апстракција, го отворија просторот, заситувајќи го љубопитното око на посетителите – љубители на оваа суптилна сликарска техника. Целосниот уметнички впечаток го заокружи музичкиот настап на солистката Калина Велковска и гитаристот Гуру Харе.
На вчерашната културна манифестација присуствуваше претседателот на комисијата за култура при Советот на Општина Карпош, Горан Михајлов, кој ја искористи таа пригода и на учесниците на Акварелниот симпозиум им додели благодарници за учество од страна на локалната самоуправа. Изложбата од делата кои произлегоа од Седмиот акварелен симпозиум на Општина Карпош, ќе биде дел од настаните кои ќе се организираат по повод прославата на јубилејот – 40 години од основањето на Општина Карпош, на почетокот на ноември годинава.
Длабочината на пејсажите, експресивниот израз на акварелот и уметничката инсталација, како и истакнатите симетрични форми и апстракција,