Малите дечиња од градинката „Орце Николов“ во Карпош 4, денес научија што точно треба да внесуваат во секојдневната исхрана. Денеска, оваа детска установа во соработка со првиот центар за органска храна во Македонија, “Биокулт„, одржаа презентација на „здрави рецепти“ за квалитетна исхрана кај децата.Секојдневното внесување здрава храна е едно од важните сегменти за правилен развој на детето, кое треба да знае што е здраво да се јаде, а што да се исфрли од исхраната. Па така, запознавањето со здравата храна на децата од клонот на градинката
„Орце Николов“, едукативно и во пракса им почна во рамките на проектот „Доброто здравје почнува од добрата исхрана“, при што тие имаа можност да ги вкусат здравите напитоци како и самите тие да подготват, слатки колачиња од органски производи.
Директорката на клонот на градинката „Орце Николов“, Савка Ковачевска истакна дека оваа активност е многу важен чекор при запознавањето со здравата исхрана кај малите деца.
-Преку целата година имаме многу активности, па така и денеска сме тука да им објасниме на малите дечиња што значи здравата исхрана и колку е таа важна за нив.
Целта е да делуваме на подигање на свеста за исхраната, а тоа како процес треба да започне од најрана возраст. Оваа активност е воспоставена и помеѓу родителите на децата кои всушност се иницијатори на овој проект.
Претставничката од „Биокулт“, Маријана Мартиновска образложи зошто е здраво да се применуваат органиските производи при готвењето.
-Денеска дечињата како за почеток имаа можност да пробаат растителни напитоци, подготвени со овесни мусли. Тие исто така, ќе имаат можност самите да си подготват бомбици од здрави органски намирници, а ќе направиме и една кратка презентација на „Чуфа микс“ кој е наш производ, односно направа за правење растителни млека.
Органската храна е една од најдобрата храна, а тоа значи дека таа е нетретирана, чувана и растена во здрави методи. Најважно од се е што семињата не смеат да бидат генетски модифицирани.
При дегустација на органската храна, дечињата се забавуваа, но и здраво се најадоа.Секојдневното внесување здрава храна е едно од важните сегменти за правилен развој на детето, кое треба да знае што е здраво да се јаде, а што