По 6ти пат, во ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, со поддршка од општина Кисела Вода, денес се одржа манифестацијата “Јас сум талент во моето училиште”. Ова случување ги опфаќа учениците од ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, ДУЦОР “Партенија Зографски”, ПОУ “Д-р Златен Сремац”, но и од сите основни училишта од општина Кисела Вода. Тие се претставија со музички точки, балетски точки, свиреа на музички инструменти, секој во она што е најдобар, покажувајќи го својот талент, креативност и посветена работа, едновремено промовирајќи ја идејата за зближување на луѓето без оглед на нивните разлики.Директорот на ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, Горанчо Јакимов им се заблагодари на сите училишта кои се одзваа на поканата да бидат дел од манифестацијата и ја истакна благодарноста до градоначалникот на општина Кисела Вода за континуираната соработка. Потенцираше дека поддршката што ја добива е показател дека се работи за локална самоуправа која секогаш ги промовира еднаквите можности за секој поединец и се заблагодари што и годинава, Кисела Вода ги обезбеди паричните награди за првите три места.
Жирито во состав Зоран Џорлев и Светлана и Мики Црнокрак, едногласно одлучи првото место да му припадне на Денис Димитров од ,,Димитар Влахов‘‘, второто место да го освојат учениците од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу” , додека третото место им припадна на танчарите од ДУЦОР “Партенија Зографски”.Директорот на ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, Горанчо Јакимов им се заблагодари на сите училишта кои се одзваа на поканата да бидат дел од
Пронајдете не на следниве мрежи: