Општина Кисела Вода ги реконструира тоалетите во ЦОУ „Круме Кепески“

Во завршна фаза е комплетната реконструкција на тоалетите во ЦОУ “Круме Кепески” во општина Кисела Вода. Во училишниот објект во кој настава посетуваат 670 ученици, во изминатиот период, по налог на општина Кисела Вода, се работи на поставување на нова санитарија, плочки, нови врати, на нова водоводна инсталација и одводни цевки во санитарните јазли, на штедливи лед арматури за осветлување.Реконструкцијата на тоалетите уследи по енергетската обнова на ова училиште, која заврши пред неколку месеци, а беше финасирана од буџетот на општината, со парични средства од Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како и финасии од УНДП. Преку овој проект кој се одвиваше преку Секторот за локален економски развој при општина Кисела Вода, беше извршена замена на прозорците, изведба на нова фасадна топлинска изолација, замена на постојниот кровен покрив и топлинска изолација на кровната плоча.
Активностите на оваа локална самоуправа за подобрување на условите во сите училишта на територија на општина Кисела Вода продолжуваат. Наскоро ќе бидат реконструирани тоалетите и во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” и во ООУ “Кузман Шапкарев”.Реконструкцијата на тоалетите уследи по енергетската обнова на ова училиште, која заврши пред неколку месеци, а беше финасирана од буџетот на општи

Пронајдете не на следниве мрежи: