Општина Кисела Вода заедно со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија го одбележа Националниот ден на унгарскиот народ, 15 март.На овој ден пред точно 169 години започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија. Во знак на почит и продолжување на успешната соработка со оваа земја, делегација од општината, предводена од претставници од Одделенијата за култура, образование и екологија, положи свежо цвеќе на спомен плакетата на Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево. Инаку, Шандор Патефи бил истакна унгарски поет и е еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година. Пред присутните граѓани, од населбата Драчево, говореа Амбасадорт на Унгарската амбасада во Република Македонија, д-р Ласло Иштван Дукс, претседателот на здружението на Унгарците во Македонија, Јожеф Шутуш. Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да ги негува културните и историските традиции на Унгарците кои живеат на територијата на Репулика Македонија. Преку континуираните заложби за заемно запознавање на културно-историските вредности, локалната самоуправа дава свој придонес во зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот.На овој ден пред точно 169 години започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите
Пронајдете не на следниве мрежи: