Општина Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарците

Општина Кисела Вода заедно со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија го одбележа Националниот ден на унгарскиот народ, 15 март.На овој ден пред точно 169 години започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија. Во знак на почит и продолжување на успешната соработка со оваа земја,  делегација од општината, предводена од претставници од Одделенијата за култура, образование и екологија, положи свежо цвеќе на спомен плакетата на  Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево. Инаку, Шандор Патефи бил истакна унгарски поет и е еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година. Пред присутните граѓани, од населбата Драчево, говореа Амбасадорт на Унгарската амбасада во Република Македонија, д-р Ласло Иштван Дукс, претседателот на здружението на Унгарците во Македонија, Јожеф Шутуш. Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да ги негува културните и историските традиции на Унгарците кои живеат на територијата на Репулика Македонија. Преку континуираните заложби за заемно запознавање на културно-историските вредности, локалната самоуправа дава свој придонес во зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот.На овој ден пред точно 169 години започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите

Пронајдете не на следниве мрежи: