Општина Кисела Вода го одбележа го одбележа Националниот ден на Унгарците. Делегација од оваа општина денес положи свежо цвеќе на спомен плакетата на Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево. Покрај претставниците од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при општина Кисела Вода, настанот со своето присуство го збогатија и амбасадорот на Унгарската амбасада во Република Македонија неговата екселенција д-р Јожеф Бенце, заменик амбасадорот Ѓула Шомоѓи, претседателот на здружение на Унгарците во РМ, Јожеф Шутуш, Паскал Гилевски, македонскиот писател кој ја преведува поезијата на Шандор Петефи, но и директори на училиштата од општина Кисела Вода, претставници од месната заедница Драчево и жители од населбата Драчево.Во своето обраќање пред присутните, амбасадорот Јожеф Бенце го спореди поетот и револуционер Шандор Петефи со македонските херои Гоце Делчев и Кочо Рацин. Потенцираше дека Шандор Петефи не е само поет на Унгарија туку и национален херој и револуционер. Со неговата поезија во 1848 година започнала револуцијата во Унгарија. Амбасадорот Бенце упати и голема благодарност до Општина Кисела Вода за својот придонес во одбележувањто на овој голем ден за унгарскиот народ.Општина Кисела Вода пред 4 години, на иницијатива на Здружението на Унгарците во Македонија и Амбасадата на Република Унгарија во Македонија ја постави спомен плочата во чест на најславниот унгарски поет и револуционер Шандор Петефи на истоимената улица во населба Драчево. Спомен плочата е поставена во знак на голема почит кон унгарскиот народ, како и за зближување на двата народа, а воедно и промовирање на културата на Унгарците во Р. Македонија. Покрај претставниците од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при општина Кисела Вода, настанот со своето прису
Пронајдете не на следниве мрежи: