Општина Кисела Вода го одбележа празникот Ксантика

Црвено-бели мартинки за среќа денес добија повеќе жители на општината Кисела Вода. 
Во рамки на веќе традиционалното чествување на Ксантика – празник на вековна традиција за славење на радоста, светлината, чистотата и будење на природата, дечињата од јавните градинки и основните училишта на оваа територија ги делеа исплетените мартинки на случајните минувачи и на посетителите во паркот Македонија и Паркот на бранителите, каде се одвиваше централната манифестација.Во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, се одржа приредба на која дечињата, облечени во македонски народни носии, играа традиционални македонски ора. Пред присутните беа изложени различните изработки, во црвена и бела боја, во најразлични ликовни техники.Според народното предание, се верува дека двете бои на мартинките имат и своја симболика, белата боја ја симболизира чесноста и искреноста, а црвената светлината и љубовта во животот. Почнувајќи од 1 Март, па се до расцветувањето на првото дрво тие се носат како алки, се прикачуваат на облеката, се носат како приврзоци, а  потоа, се верува дека треба да се закачат на првото расцветано дрво со желби за добро здравје и љубов.
  
Во рамки на веќе традиционалното чествување на Ксантика – празник на вековна традиција за славење на радоста, светлината, чист

Пронајдете не на следниве мрежи: