Започна реконструкцијата на подот на училишната спортска сала во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности кои на учениците од овој дел на градот ќе им овозможи подобрување на условите за часовите по физичко воспитување. Ќе се изврши поставување на бетонска плоча, а дотраениот под ќе биде заменет со целосно нов. Се работи за градежни зафати на површина од 440 квадратни метри, за кои Општина Кисела Вода од својот буџет издвои околу 2 милиони денари.
Инаку во изминатитов четиригодишен период, во овој училишен објект беа инвестирани околу 1, 9 милиони денари. Беше реализиран проект за замена на постоечката столарија на дел од ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, со што се заокружи комлетната замена на столарија, односно беа заменети сите прозорци во училиштето. Беа реконструирани и дел од тоалетите во училишниот објект. Со финализирањето на проектот на обнова на подот на спортската сала, подобри услови во новата учебна година ќе добијат околу 900 ученици кои ја следат наставата во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности кои на учениците од овој дел на градот ќе им овозможи подобрување