Општина Кисела Вода го санира резервоарот во Порупи за подобрување на водоснабдувањето во селото ДрачевоПо изградбата на водоводна мрежа во месноста Три круши, во должина од околу 1700 метри, за да се овозможи непречено водоснабдување, сега течат активностите за санација на некогаш изградениот резервоар во месноста Порупи,кој досега не бил ставен во функција.По налог на општина Кисела Вода пред еден месец беше изграден нов испуст до каналот и во моментов се врши реконструкција на фасовските елементи во внатрешноста на резервоарот и мократа комора.По завршувањето на градежните активности,испуштањето на водата од резервоарот ќе оди преку цевковод изграден за таа намена. Санацијата треба да заврши за еден месец, од што корист ќе имаат жителите на месноста Три Круши и Порупи, село Драчево.Сите корекции се во координација со ЈП “Водовод и канализација” на кое ќе му биде извршено примопредавање по финализацијата на градежните активности.По изградбата на водоводна мрежа во месноста Три круши, во должина од околу 1700 метри, за да се овозможи непречено водоснабдување, сега теча
Пронајдете не на следниве мрежи: