Општина Кисела Вода продолжува со инвестициите во изградба на спортската инфраструктура, во насока на подигнување на спортскиот дух и унапредување на спортот на локално ниво. За љубителите на фудбалот, денешниот ден и онака има огромно значење.Сепак, оние од Драчево, покрај тоа што се радуваат на спектакуларниот меч помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, ќе имаат причина плус за радување, бидејќи денес се изреализира едно нивно барање кое неколкупати го поставуваа до градоначалникот на Општината на средбите во месните заедници.Имено, завршени се градежните активности за изградба на челични трибини на фудбалското игралиште “ССК” во Драчево. Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес изврши увид во проектот за кој барање имаше и од фудбалскиот клуб “ССК”.Изграденото гледалиште ќе овозможи покомфорно следење на спортските натпревари за сите спортски љубители. Истото има должина од 30 метри, со две нивоа, односно со два реда на седишта. Поставени се и пристапни скали. Воедно, градежните активности опфатија и санација на дел од бетонската ограда, како и обнова на дел од гардеробите.Сепак, оние од Драчево, покрај тоа што се радуваат на спектакуларниот меч помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, ќе имаат причина плус за р
Пронајдете не на следниве мрежи: