Градоначалникот на општина Кисела Вода денес додели нови 50 решенија за легализација на дивоградби, со што правен статус добија вкупно 4880 објекти, или една третина од пристигнатите 13850 барања за легализација.Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 4013. Исто така, изготвени се уште 250 урбанистички согласности, од кои, за 197 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Градоначалникот на општина Кисела Вода ги повика сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата на Република Македонија истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, до 31.12.2016 година.Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 4013. Исто така, изготвени се уште 250 урбанистички согласности, о