Општина Кисела Вода одбележа 167 години од смртта на Фредерик Шопен

Општина Кисела Вода по шести пат свечено го чествуваше големиот музичар Фредрих Шопен во паркот кој го носи неговото име.На настанот, со кој се одбележува 167 години од смртта на овој музички великан, организиран од Одделението за култура при општина Кисела Вода присуствуваше и заменик амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Вероника Стањец Порчиќ. Пред бистата на Фредерик Шопен беше поставено свежо цвеќе, а потоа жителите на општина Кисела Вода имаа можност да уживаат во музичката изведба на триото ,,Аурора’’, во состав Ева Богоевска – виолина, Њомза Џафери – пијано, Тамара Тодоровска – виолончело,  под водство  на  професорката Марија Богоевска од Средно музичко – балетскиот училишен центар “Илија Николовски – Луј”. Општина Кисела Вода е единствената општина во Република Македонија, во која една улица е именувана по овој светски музичар, а во 2010, беше отворен и паркот Шопен во кој се одвиваше денешниот настан.На настанот, со кој се одбележува 167 години од смртта на овој музички великан, организиран од Одделението за култура при општина Кисела Вода прису

Пронајдете не на следниве мрежи: