Со донесувањето на последните измени на Генералниот Урбанистички План на град Скопје, во декември 2012 и променатa на намената на одредени површини на територија на општина Кисела Вода, на оваа локална самоуправа и се овозможи изработка на нови детални урбанистички планови, меѓу кои и Деталниот урбанистички план за Расадник, поточно Градска четврт Ј14, со граници на опфат:На североисток: по собирната улица “Борис Трајковски”;
На југоисток : по магистралната улица булевар “Србија”;
На југозапад :по сервисната улица”Христо Татарчев”;
На север: по сервисната улица “Народни херои”.
Опфатот е со површина од 82.09 ха.
Во интерес на транспарентноста при донесувањето на Деталниот Урбанистички план за Расадник, поточно Градската четврт Ј14, Општина Кисела Вода ги информира сите граѓани кои по пат на денационализација ги вратиле своите имоти во овој дел од градот, сите заинтересирани градежни фирми и потенцијални инвеститори:
Во четврток, 17.03.2016, со почеток во 12 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода за прв пат ќе се одржи јавна презентација со стручно презентирање по предлог Детален урбанистички план за Градска четврт Ј14-Расадник. На оваа расправа, истите би можеле да добијат целосна и точнна информација околу можностите што ги нуди овој ДУП, како потенцијал за подигнување на квалитетот и условите за урбано живеење согласно правилниците и Законот за просторно и урбанистичко планирање и секако, за подобрување на економската клима и условите за живеење во Кисела Вода и целиот главен град.На североисток: по собирната улица “Борис Трајковски”;
На југоисток : по магистралната улица булевар “Србија”;