Во завршна фаза се активностите на општина Кисела Вода за реконструкција на коловозот и тротоарите на улица ”Христо Узунов” во населбата Црниче.Градежните активности опфаќаат реконструкција на постоечкиот оштетен асфалтен коловоз во должина од 200 метри. Согласно проектот, на потегот помеѓу улицитe “Востаничка” и “Партение Зографски”, каде се протега оваа улица, се врши и реконструкција на постоечките тротоари. Истите се поплочуваат со бехатон плочи. Се работи за проект, кој е во програмата на општина Кисела Вода и во буџетот усвоен за 2016.
Согласно истата програма, во овој дел од градот веќе беа реконструирани повеќе улици кои се доста фреквентни. Неодамна, завршија градежните работи за реконструкција на улицата “Жванска” која се протега помеѓу улиците “Востаничка” и “Наум Охридски”, на која целосно се отстранети оштетениот асфалт и се замени со бехатон.
Тротоарите беа целосно реконструирани на улицата “Рилски конгрес”, во потег од улицата “Банско” до улицата “Пржино”, на должина од 600 метри и од левата и од десната страна.
Претходно, партерно беа уредени и тротоарите на улицата ”Милан Мијалковиќ” во населбата Пржино. Од двете страни, помеѓу улицата “Кочанска” до улицата “Пржино”, се изведоа тротоари со павер елементи кои ги содржат сите потребни слоеви- тампонски слој од дробен камен и подлога од песок – ризла.
Градежните активности опфаќаат реконструкција на постоечкиот оштетен асфалтен коловоз во должина од 200 метри. Согласно проектот, на потегот помеѓу