Невремето не ја одмина општина Кисела Вода. Со оглед на специфичната конфигурација на теренот, бидејќи еден дел од општина Кисела Вода се наоѓа во подножјето на Водно, а дел во поднoжјето на Китка, после поројниот дожд, имаше одредено неконтролирано излевање на води.Во голем дел тоа беа природни води од Водно и од Китка, а приливот беше уште поголем со оглед на тоа што Водно изобилува со подземни води кои завршија по главните делници, како и по повеќе споредни улици на територијата на општина Кисела вода. Интервенцијата на општинските служби за справување со последиците започна веднаш. Во недела, во раните утрински часови, беше формиран кризен штаб, каде координатор е градоначалникот на општина Кисела Вода. Веднаш се излезе на терен и се започна со негово расчистување, на сите одрони, на калта, на одрони на асфалтни парчиња по одредени делници, песок. Се работеше со сите расположиви средства во однос на механизација и луѓе, како не би дошло до затнување на канализационите мрежи, посебно затоа што беа најавени нови обилни врежи.Атмосферските канализации кои општината ги изгради последниов период во населбата Драчево ја покажаа својата ефикасност, па тука немаше поголеми штети. Во селото Драчево, се изврши интервенција на “Партизански пат” каде имаше мал одрон. Патот беше израмнет за да биде прооден. Водостојот на каналот кој се влева во Црниот канал, во месноста Подстаница беше контролиран и не го премина коритото, па со тоа, беше избегната катастрофа. Мирни беа и Мала Рада и Маркова Река, благодарение на нивното редовно чистење од страна на општината.Усјанскиот канал беше еден од покритичните точки каде големи наноси на дрвја, гранки, кал, камења, за жал, шут и ѓубре од домаќинства, во еден момент го затнаа каналот и мостовите на село Усје. Уште утредента во каналот влезе тешка механизација, беше исчистен, а се отстранија и паднатите тополи на првиот мост во овој дел на градот. На главниот мост имаше оштетување на оградата, но општината испрати фирма истото да го санира.Подоцна настана едно ново затнување на приклучокот на “Борис Трајковски” кон Лисиче, но и таму се реагираше и од наша страна и од страна на ЈП “Улици и патишта”. Со тешка механизација, со багери и со цистерна, беше исчистен главниот пат на улица “1”, во Усје за да биде прооден за граѓаните. Напоменуваме дека го чистевме сметот оставен од самите граѓани. Исфрливме околу еден тон пластични шишиња и домашен смет.Во Пинтија настана одреден дефект со напојување на електрична енергија. И таму се појави масовно одливање на природни води, покрај атмосферската и фекалната канализација, но во координација со ЈП “Водовод и канализација” се влезе по домовите и се вршеше испумпување на водата од дворовите и подрумите.Во Стаклара Каменик, по невремето, имаше одредено напукнување на една од улиците. Екипите излегоа со 6 камиони со тампон, на терен веќе три дена, заклучно со денешниот има тешка механизација, која врши тампонирање и санација на оваа улица.За жал, најкритично беше во Припор. Со оглед на тоа што неконтролирани води истекоа од подножјето на Водно, по улицата “Сава Ковачевиќ”, од Сопиште надолу кон Припор, па се до урбаната средина на стара Кисела вода, Кисела Вода и Расадник. Уште во недела во раните утрински часови екипите беа излезени со механизација за се да се расчисти. Акцијата продолжи и во наредните денови, со тоа што остатокот од калта, особено во Расадник се исуши, па веќе можеше да се расчистува и рачно, но и со помош на камиони, скипери, багери, а ЈП “Комунална Хигиена” дојде и со камиони за сево ова да се одмие и што поскоро да се расчисти. Ангажманот на екипите беше голем во Расадник, бидејќи оваа населба е една од најниските точки, па вода се слеваше од две страни. И од сопиште, преку Припор до Расадник, но и од Пржино, Црниче, преку улицата “Мариовска”.Во стара Кисела Вода општината уште во неделата интервенираше на улицата “Марко Орешковиќ” за да му помогне на семејството Митрески каде потпорниот ѕид падна врз куќата. Во овој дел од општината имаше излевање на септички јами, па три дена се вршеше испумпување и чистење на улицата “Козјак”.Во Црниче и Пржино немаше катастрофални последици после невремето. Тука, општина Кисела Вода, иако не е во нејзина надлежност, сепак, издвојува средства и два пати годишно ги чисти каналите, што даде позитивен ефект.Акцент се стави и на градинките, каде директорките веднаш извршија увид и беше констатирано дека нема поголеми штети, но се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како овие објекти би можеле да бидат веднаш ставени во функција на почетокот на работната седмица.До општината непрекинато стигнуваат пријави од страна на граѓани кои претрпеле материјална штета од невремето. Формирани се комисии за проценка на штетите кои се веќе на терен.Општина Кисела Вода се заблагодарува на службите на градот Скопје, ЈП “Водовод и канализација”, ЈП “Улици и патишта”, ЈП “Комунална хигиена”, сите останати јавни претпријатија, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЕВН, Бригадата за Противпожарна заштита, пајак службата, како и со сите останати институции кои во заедничка координирана акција со оваа локална самоуправа, уште од почетокот на невремето ги користат сите расположиви средства за да им помогнат на граѓаните. Дополнително, голема благодарност до приватните фирми “Монтеко”, “Вардарградба”, “Енергомонт”, “Урбан Десигн”, “Адора”, “Изолација”, “Лотка”, “Анизор”, “Беровиќ”, “Гоива”, “Вато” кои ни излегоа во пресрет при расчистувањето на теренот, до АВТОМОТО ДРУШТВО “Ѓорѓи Наумов” од Битола, како и до сите граѓани за трпението и разбирањето при справувањето со оваа елементарна непогода која за среќа, во општина Кисела Вода помина само со материјална штета.Општина Кисела Вода апелира за меѓусосетска солидарност низ општината, а секако и за најпогодените места, во општина Гази Баба. Апелираме и за совесност кај граѓаните и за навремена подготовка и заштита на сопствените домаќинства доколку има најави за нови поројни дождови, како не би дошло до подраматични состојби.Во голем дел тоа беа природни води од Водно и од Китка, а приливот беше уште поголем со оглед на тоа што Водно изобилува со подземни води кои заврш
Пронајдете не на следниве мрежи: