Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на неизградено градежно земјиште, кое па пат на денационализација им е вратено, а е со видливо нарасната тревна вегетација, да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.Имајќи ги во предвид најавените високи температури кои ќе следуваат и потсетувајќи се на минатогодишните пожари на ваквите парцели, општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и укажува дека одговорноста за имотот кој е во приватна сопственост е на самиот сопственик. Воедно, упатуваме и повик и до сите останати жители и сопственици на приватен имот, каде што општината нема ингеренции да интервенира, за совесно однесување, одржување на својот двор и плац и превентивно делување во насока на заштита од пожари. Со цел да се намали ризикот од пожар на отворен простор, апелираме и за внимателно однесување во рекреативните центри на отворено.Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина законска надлежност.Имајќи ги во предвид најавените високи температури кои ќе следуваат и потсетувајќи се на минатогодишните пожари на ваквите парцели, општина Кисела
Пронајдете не на следниве мрежи: