Општина Кисела Вода вложи преку 2 милиони евра во населбата Пинтија

Работејќи во континуитет на подобрување на условите на условите на сите свои жители, вклучително и жителите на Пинтија, Општина Кисела Вода реализираше бројни проекти и во оваа населба. Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности кои се одвиваат на улицата “Саса 2”.
-Во  моментов се наоѓаме на улица “Саса 2”, во населбата Пинтија, каде се одвиваат градежни активности за поплочување со павер елементи. Со павер елементи ќе бидат поплочени и краците на оваа улица, на вкупна површина од 3300 квадратни метри, инвестиција во висина од околу 7 500 000, 00 денари- истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Потсети дека токму во населбата Пинтија, Општина Кисела Вода ја изгради првата детска градинка во овој дел на градот, ”Ѓурѓица” која има капацитет од 80 до 100 дечиња, распоредени во три групи и јасли.
-Се работи за објект кој се протега на 480 квадратни метри и кој е високо енергетски ефикасен. Се загрева со помош на котли кои како енергенс користат биомаса, односно пелети, а поставен е и сончев колектор за искористување на сончевата енергија. Министерството за труд и социјална политика од поранешната Влада, ни обезбеди финансиска поддршка во делот на ентериерното уредување во висина од околу 1 милион денари.  Хортикултурно беше уреден и дворот во кој изградивме и современо детско игралиште. Целокупната инвестиција на Општина Кисела Вода, околу градинката изнесуваше околу 22 милиони денари, потенцираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, додавајќи дека Општината изврши и  реконструкција на коловозот на улица “Саса 2” во населбата Пинтија која води до градинката, како и до подрачното училиште “Рајко Жинзифов”, кое е во непосредна близина, но и каде функционираат и повеќе домаќинства.
-Коловозот беше проширен на 6 метри, а коловозната конструкција, целосно заменета со нова. Од левата страна беше поставен и тротоар, проект вреден околу 6 милиони денари. Долж улицата поставивме и осветлување. Инвестиција вредна околу 455 000 денари. Кога го споменав ПОУ “Рајко Жинзифов”, ќе потсетам дека во кругот на ова училиште заедно со поранешното раководство на Агенцијата за млади и спорт, излеговме во пресрет на барањето на тукашните жители кои бараа изградба на спортско игралиште. Истото неодамна беше пуштено во употреба и чинеше 4.5 милиони денари-подвлече Беличанец-Алексиќ.
Ги издвои и капиталниот проект за изградба на нов водовод во населбата Пинтија, како и реконструкцијата на улицата ”1440”.
-Тоа беше проект кој започна во времето на мојот претходник, градоначалникот Марјан Ѓорчев, а финалната трета фаза ја завршивме во мојот мандат. За големината на проектот говорат фактите. 9 км водоводна мрежа, изградба на препумпна станица, главен цевковод и резервоар со волумен од 900 кубни метри. Истиот го реалзиравме со кредит од Светска банка во висина од околу 40 милиони денари, додека Општината кофинансираше со 20 милиони денари. Третата фаза која се изведуваше минатата година, на улицата “Саса 30”, околу 480 метри Општината ја чинеше дополнителни 7 000 000 денари. Завршната фаза од проектот се заокружува со индивидуално приклучување на домаќинствата кон главната мрежа што ја изгради Општината. За истото, заедно со Град Скопје се вложија 8 милиони денари од кои Општина Кисела Вода учествуваше со 4 милиони денари.
Уште еден проект кој сакам да го издвојам е реконструкцијата на улицата 1440. Истиот се реализираше врз основа на проектна апликација изготвена од страна на Општината аплициравме и ја добивме финансиската поддршка од Европската банка за обнова и развој- истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода.
Инаку, во населбата Пинтија има околу 4000 жители, односно околу 1000 домаќинстваГрадоначалникот на Општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности кои се одвиваат на улицата “Саса 2”.
-Во&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: