Општина Неготино: Министерот Спасов и градоначалникот Апостолов во посета на ДЦ „Порака“

Министерот Спасов и градоначалникот Апостолов во посета на ДЦ „Порака“„Процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика го поддржува од самото негово започнување и имајќи предвид дека дава одлични резултати, со средства во висина од 16.500.000 денари на годишно ниво и понатаму ќе продолжиме со напорите за подобрување на социјализацијата на лицата со умерен и тежок хендикеп кои се сместени во заедници за организирано живеење“-истакна министерот Диме Спасов кој заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов и директорката Гордана Трајковска го посетија Дневниот центар „Порака“ и една заедница во која престојуваат штитеници. Во вкупно 76 заедници во Македонија 43 се во Неготино и 33 во Волково и во нив престојуваат 76 корисници кои предходно престојувале во установи од затворен тип, а во овие заедници од страна на стручни лица ја имаат целосната поддршка за нивно 24 часовно егзистирање, посетуваат разни настани од јавен карактер и се прифатени од населението во градот. Градоначалникот Апостолов истакна дека општина Неготино имала и ќе има одлична соработка со Дневниот центар „Порака“ преку поддршка за разни манифестации што установата ги организира со цел за спроведување на бројни активности преку директно учество на штитениците на настани кои придонесуваат за нивна социјализација во општството.
 „Процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика го поддржува од самото негово започнување и имајќи

Пронајдете не на следниве мрежи: