Општина Охрид испрати реакција во врска со прес конференцијата од СДСМ Охрид, која ја пренесуваме во целост.Денес во јавноста после подолго отсуство понесен од потребата да го оправда своето опозиционо делување, а веројатно притиснат од членството и централата да ја искритикува локалната самоуправа се појави пратеникот Томислав Тунтев.
Очигледно во денешната прес конференција измешале многу работи, а најмногу од се ја промашиле личноста која го водела овој прес.
Замислете почитувани граѓани човекот кој цели осум години беше советник на мнозинството во Советот на општина Охрид, координатор на Советничката група на мнозинството во Советот на општина Охрид односно директен спроведувач на политиките на градоначалникот при носење на сите одлуки во совет и заменик градоначалник на општина Охрид се дрзна да зборува за економски развој и проекти за Охрид. Навистина трагично.
Ова почитувани граѓани е истиот човек кој во советот на општина Охрид аминуваше и донесуваше одлуки и притоа ниеднаш не се огради од некаква политика на локалната самоуправа во тоа време. Тие одлуки се однесуваа на енормно зголемување на долгот на општина Охрид овозможувајќи неколку локални моќници блиски до нив да „исцицаат„ огромни средства за нереализирани проекти и за тоа граѓаните, оваа локална самоуправа и за жал уште неколку локални самоуправи потоа да имаат обврски да ги исплаќаат луксузирањата на претходната локална самоуправа од која неодвоив дел беше и господинот Тунтев. Ова е истиот човек кој како координатор на советничката група во советот на општина Охрид никогаш не побара одговорност за проектите кои како дивоградби ги градеше претходната локална самоуправа, никогаш не се загрижи дали вработените во општинските претпријатија редовно примаат плата и како им е на тие луѓе како живеат со неколку месечно доцнење на личниот доход, напротив како советник аминуваше одлука за доделување на стопанисување на паркинзите во градот на приватни лица нанесувајќи му огромни штети на ЈП Билјанини извори. Овој е истиот советник кој доследно ја почитуваше кампањата „За почист Охрид“ и дозволуваше еден поранешен директор на ЈП Комуналец наместо во Буково отпадот да го депонира во Мауцкер и така во срцето на Охрид да ја создадат најголемата депонија. Зошто почитуван Тунтев ако бевте одговорен не побаравте во тоа време како советник да се почитува одлуката на советот и на Мауцкер да се депонира единствено градежен шут? И конечно, овој човек е координаторот на советничката група на мнозинството која на Охрид му нанесе непоправливи штети во областа на урбанизацијата гласајќи штетни урбанистички планови за градот. Така почитуван Тунтев Охрид ја изгуби автобуската станица која ја имаше и како таква функционираше во центарот на градот. На истиот начин Охрид го изгуби и градскиот полигон за мали спортови кој во тој период премина во приватни раце. Тимот од кој Вие бевте нераскинлив дел и незаменлива алка на Охрид му нанесе огромни штети и со право тоа е периодот кога Охрид доживеа колапс во сите сфери од живеењето. Е за сето ова господине Тунтев треба и мора еден ден да одговарате.
Навистина дегутантно е да зборуваме и за изборите кога Вие и вашиот тим составен од луѓе со сомнително минато и сегашност доживеавте дотогаш невиден изборен дебакал и бевте поразени со нешто повеќе од осум илјади гласови разлика. Кога тоа на човек ќе му се случи кога ќе доживее таков пораз треба да се повлече од политиката а не да си зема право да зборува за проекти и економска политика.
Градоначалникот Бакрачески од првиот ден на својот мандат спроведува политики спротивни од Вашите односи прави различни чекори од тоа што вие би направиле и секогаш таквите политики носат бенефит за граѓаните и развој на градот. За разлика од Вас не сме подготвени да градиме објекти кои ќе се без соодветна урбанистичко планска документација односно да градиме дивоградби, па затоа долго време губиме на изработка на таа урбанистичко планска документација која ќе овозможи градба на проекти низ една легална постапка и процедура предвидена со закон. Но за Вас овие активности се непознати и не очекуваме да ги разберете.
Наскоро во Охрид ќе започне изградбата на трите капитални објекти затворен зелен пазар, современа автобуска станица и старечки дом затоа што во финална фаза е издавањето на одобренија за градба на трите објекти и тие непречено ќе може да отпочнат да се градат. Поинаков начин освен законскиот ние навистина не знаеме. Единствено што знаеме е неуморно да продолжиме да го градиме Охрид во секој негов дел правејќи ги задоволни граѓаните на Охрид
И за крај господине Тунтев отворено Ве повикуваме да си изберете три години од Вашиот осумгодишен мандат и не мора да се последователни, да би можеле со бројки и факти да ги споредиме со нашиот тригодишен мандат затоа што тоа е единствен начин да направиме компарација меѓу нас и вас. Повелете каде и кога сакате да се споредуваме со факти, бројки, аргументи и документи, се вели во соопштението.Денес во јавноста после подолго отсуство понесен од потребата да го оправда своето опозиционо делување, а веројатно притиснат од членството и центр