Општина Охрид со несебична поддршка за талентираните ученици

Loading...

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска во својот кабинет ги прими  ученичките од Охрид   кои освоиле први места или  завидни резултати на републички  или меѓународни натпревари по математика и физика,  Ангела Трпческа, Христина Митреска , Софија Димоска и менторот на Сања Симоновиќ  која веќе отпатува на студии во Америка .  Средбата беше во насока на мотивирање на  учениците  во понатамошниот процес на освојување на знаења, а во исто време тие   да се поттикнат и ориентираат кон постигнување понатамошни успеси како  фундамент или есенција во градење на основите и темелите на едно здраво општество. Градоначалникот  Никола Бакрачески  на средбата  изрази  уверување дека и во иднина   Локалната самоуправа од Охрид ќе застанува  и ќе ја дава  поддршката   на  талентираните ученици кои трагаат по нови успеси.
– Локалната самоуправа во изминативе неколку години прави многу напори со неколку усвоени мерки кои се уште се спроведуваат  со цел да ги поддржи овие ученици, а тоа е  во делот на стипендирање на талентирани ученици и студенти, доделување на награди , доделување помош за учество на натпревари или покривање на дел од трошоците за учество. Низ една координирана активност на локалната самоуправа, училиштата и менторите на талентираните ученици  би требало сите да се насочиме кон спроведување на еден квалитетен процес на настава и воспитување на децата. Најверојатно ќе ги засилиме и кампањските активности со цел да ја подигнеме свеста на општеството односно заедницата  за унапредување на образовниот и воспитниот процес во Охрид  и со тоа ќе ги поттикнеме учениците да бидат ориентирани кон успехот и освојување на нови хоризонти коишто во иднина ќе бидат употребени за изградба на едно здраво општествено ткиво во Охрид-рече градоначалникот Бакрачески.  
 
Радувајќи се на успесите на талентираните ученици, Охридската локална власт и понатака застанува зад проектите кои се во нивна полза. Во таа насока  за период од 2013 ди 2016  општина Охрид има  доделено 177 стипендии за талентирани ученици и студенти. Висината на стипендијата за ученици е 1 500 а за студенти 2 000 денари. По оваа основа до сега се исплатени 1 969 000 денари. Проектот продолжува и годинава, а деновиве ќе излезе  конкурсот за доделување стипендии кога точно ќе се знае бројката на ученици и износот на средства кој што ќе  бидат  издвоени за таа  за намена.    
Инаку охриѓанките Софија Димоска и Сања Симоновиќ  веќе се примени  на Landon Imperial College во Англија и на MIT Универзитетот во Америка, а нивните успеси треба да бидат поттик за останатите ученици да трагаат по знаења и да освојуваат нови  научни хоризонти.Градоначалникот  Никола Бакрачески  на средбата  изрази  уверување дека и во иднина   Локалната самоуправа од Охрид ќ

loading...
Loading...