Членовите на советодавното економско тело на Општина Прилеп заедно со членовите на Регионалната стопанска комора, денеска на својот 21-ви работен состанок имаа можност да споделат повеќе информации во врска со започнатите и реализирани проекти во текот на 2016 год, со новите проекти и огласи од АВРМ, изградба на приватни детски градинки, информации за инфраструктурни проекти и објекти, спорт, како и за многу проекти кои би се одразиле на развојот на стопанството во нашата општина, а ќе бидат реализирани во текот на оваа година. Претставниците на Регионалната стопанска комора го презентираа почетокот на имплементацијата на проектот за дуален систем на образование и тренинг во средните стручни училишта. Како што посочија, по барање на бизнис заедницта кои се во недостаток на соодветен кадар, овој проект им нуди соодветна пракса и тренинг на средношколците од техничките струки, се со цел учениците да се здобијат со знаења за во иднина да излезат соодвено образовани кадри. На 21-виот работен состанок беа презентирани и други мислења и предлози кои би дале придонес за подобар развиток на градот Прилеп.Претставниците на Регионалната стопанска комора го презентираа почетокот на имплементацијата на проектот за дуален систем на образование
Пронајдете не на следниве мрежи: