Општина Прилеп: Асвалт за улиците „Велко Јанкулоски – Стариот“ и „Димче Антулески“

Во УЗ „Цар Самоил“, сношти беше пуштена во употреба новоасвалтираната  ул. „Велко Јанкулоски – Стариот„ во должина од 350 метри. За оваа патна инфраструктура  беа издвоени осум милиони денари средства од Буџетот на општината. Градоначалникот Марјан Ристески кој ја посети улицата и населението ги поздрави присутните и посочи дека оваа е 22 асвалтирана улица во оваа УЗ „Цар Самоил“ и се додека временските услови дозволуваат да се работи, екипите ќе бидат на терен и вредно ќе работат, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.Воедно, беше пуштена во употреба и улицата „Димче Антулески“ што се наоѓа во УЗ. „Варош“, во должина од 400м. И за оваа инвестиција од општинскиот Буџет беа издвоени пет милиони денари. Со реализацијата на овие инфраструктурни  зафати  во голема мера се подобри квалитетот на живот на жителите од  Урбаните Заедници.
 Воедно, беше пуштена во употреба и улицата „Димче Антулески“ што се наоѓа во УЗ. „Варош“, во должина од 400м. И з

Пронајдете не на следниве мрежи: