Пензионери, спортски здруженија, играорни групи, танцови клубови, медари, гимназијалци, ученици од основните училишта, Сојуз на борци, групи од повеќе одделенија во болницата „Борка Талески“, денеска беа гости на отворениот ден кој општина Прилеп го организира по 21 пат.Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, Шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината. На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект, најмногу по барање на граѓаните.
Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии,