Улицата „Ленин“ наскоро ќе добие нови тротоари со бекатон плочки. Станува збор за површина во должина од неколку стотини метри, а со овој проект на еден начин и се привршува годинешната програма за уредување на тротоарни површини со средства издвоени од буџетот на Општина Прилеп.„Досега се наредени околу 5.000 м2 бекатон плочки на тротоари и други јавни површини во централното градско подрачје како и на други улици во Прилеп како што се „Трајко Николоски“, „Димче Антулески“, а се изгради тротоарот наспроти касарната „Мирче Ацев“. Ние и понатаму ќе продолжиме со уредувањето на одредени прекфентни улици и секогаш тоа го правиме по барања на урбаните заедници и граѓаните“, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој изврши увид во градежните активности.
Со овие инвестиции освен подобрувањето на безбедноста на пешачите се придонесува и за подобрувањето на урбаниот лик на градот во сите населби.„Досега се наредени околу 5.000 м2 бекатон плочки на тротоари и други јавни површини во централното градско подрачје како и на друг