Донирајќи помош во облека, обувки, мебел и куќни апарати, викендов успешно беше спроведена хуманитарната акција „Од народ за народ“. Жителите од урбаните заедници „Вишне“ и „Аличаир“ и УЗ „Ѓордере“ и „Гоце Делчев“, во периодот од 10 до 14 часот овој викенд се покажаа хумани и ги донираа своите апарати, облека, обувки… Акцијата подеднакво е корисна за расчистувањето на куќните простори од непотребните и застарени предмети и алишта, кои сеуште можат да се користат. Многу семејства токму од овие урбани заедници, донираа мебел и куќни апарати кои се во функција и кои на други семејства и поединци од социјално ранливите категории ќе им бидат од корист.
Акцијата продолжува да се спроведува етапно, а сите заинтересирани граѓани повеќе информации можат да добијат на телефонските броеви: 070/351-823 и 048 – 412 000.
Жителите од урбаните заедници „Вишне“ и „Аличаир“ и УЗ „Ѓордере“ и „Гоце Делчев“, во периодот од 10