80 нови решенија за легализација денеска беа доделени, со што вкупната бројка на решенија се искачи на околу 9.000. Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.100 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп успеа да одговори на дури 9.000, односно да им додели решение за легализација, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%. Голем е и бројот на поднесени барања на кои им недостасува геодетски елаборат, а околу 1.000 барања се со започната постапка, има и такви кои само чекаат уплата на надоместок за да се почне со постапка на изготвување на Решение за легализација.
За граѓаните ова е одлична прилика да го легализираат својот бесправно изграден имот и да добијат документ за негово поседување. Проектот е во директна корист на граѓаните кои се мошне задоволни од спроведувањето.
Секторот за урбанизам ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација дека рокот за поднесување на елаборати е уште 30 дена односно до крајот на 2016-тата година. Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.100 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп успеа да одговори на дури 9.000, односно д