Општина Прилеп врачи нови решенија за легализација

80 нови решенија за легализација денеска беа доделени, со што вкупната бројка на решенија се искачи на околу 9.000. Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.100 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп успеа да одговори на дури 9.000, односно да им додели решение за легализација, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%. Голем е и бројот на поднесени барања на кои им недостасува геодетски елаборат, а околу 1.000 барања се со започната постапка, има и такви кои само чекаат уплата на надоместок за да се почне со постапка на изготвување на Решение за легализација.
За граѓаните ова е одлична прилика да го легализираат својот бесправно изграден имот и да добијат документ за негово поседување. Проектот е во директна корист на граѓаните кои се мошне задоволни од спроведувањето.
Секторот за урбанизам ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација дека рокот за поднесување на елаборати е уште 30 дена односно до крајот на 2016-тата година. Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.100 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп успеа да одговори на дури 9.000, односно д

Пронајдете не на следниве мрежи: