Oпштина Радовиш продолжува со реализација на предвидените градежни проекти со една единствена цел подигање на животниот стандард и квалитетот на животот на нашите граѓани.Во овој момент финализираат работите околу асфалтирањето на улицата „19“ во село Ињево, улицата е со должина од 250 метри и широка 6 метри со тротоарска зафатнина од 4 метри.
Средствата за изградба на оваа улица во висина од 3 200 000 денари се обезбедени од Агенцијата за рурален развој а комплетната проектна и планска документација беше изработена од општина Радовиш.
Од следната недела ќе отпочнат работите за пробивање и асфалтирање на уште една улица во дожина од 1000 метри, широчина на коловоз од 6 метри , и тротоарска зафатнина од 4 метри. Вкупната инвестиција за оваа улица е околу 24.000.000 денари.
Како што истакна Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов асфалтирањето на овие две улици значително ке го подобри сообракајниот крвоток на селото и ке го олесни движењето како на моторните возила така и на пешаците во селото.
Во овој момент финализираат работите околу асфалтирањето на улицата „19“ во село Ињево, улицата е со должина од 250 метри и ш