По спроведената постапка за воспоставување на ЈПП во делот на реконструкција, модернизација, надградба и одржување на системот за јавно осветлување во Општина Ресен, денес Општина Ресен потпиша Договор со фирмата Џемдаг од Измир Р. Турција, која на електронската аукција беше избрана за најповолен изведувач на работите, односно иден приватен партнер во процесот.Приватниот партнер, според одредбите од Договорот треба да изврши комплетна замена на постојните 2400 живини и натрумови светилки со современи ЛЕД диоди кои ќе гарантираат заштеда на електричната енергија од минимум 60% и ќе придонесат кон зачувување на животната средина.
Договорот е воспоставен на рок од 15 год., при што приватниот партнер за тој период ќе го одржува системот, ќе формира кол- центар каде граѓаните ќе ги пријавуваат евентуалните дефекти на системот, а кои според Договорот ќе се отклонуваат во рок од 48 часа.
Во истиот контекст, предвидена е и надградба на системот за улично осветлување на влезовите во Ресен од правец на Царев Двор и Јанковец.
Вредноста на договорот е 1.250.000 евра кои Општина Ресен ќе ги исплаќа кон приватниот партнер во период од 15 години, а средствата ќе бидат обезбедени од генерираните заштеди на електрична енергија кои континуирано ќе се прават во наредниот период.
Според Договорот, активностите треба да започнат веднаш по потпишување на Договорот, а по завршувањето на административно- техничките подготовки, некаде од средината на идниот месец се очекува да се пристапи кон замена на светилките на целата територија на Општина Ресен.
Со воспоставување на овој систем, граѓаните на Преспа ќе добијат значително подобрување на квалитетот на осветлувањето, речиси целосно елиминирање на честите дефекти на системот кои досега се јавуваа, како и навремено отклонување на евентуални такви појави во иднина.
Инаку компанијата Џемдаг е основана во 1968 година во Турција и мометално произведува 500 000 светлички единици наменети за јавно осветлување на годишно ниво а своите продукти ги пласира на глобалниот пазар од Тајланд до САД .
Градоначалникот на Општина Ресен овој проект го окарактеризира како еден од најважните за Општина Ресен кој ќе се реализира во оваа година и заедно со проектот за реконструкција на градскиот водовод се главната оска на инвестицискиот бум од над 5 милиони евра инвестиции кои се планира да се реализираат во 2016 година на територија на Општина Ресен на полето на патната и комунална инфраструктура,туризмот и останатите сфери од секојдневното живеење во Општина Ресен .Приватниот партнер, според одредбите од Договорот треба да изврши комплетна замена на постојните 2400 живини и натрумови светилки со современи ЛЕД