Денеска во просториите на Општина Ресен се одржа работен состанок помеѓу Градоначалникот на Општина Ресен и преставниците на Глобал Инвестмент Фонд од Обединетите Арапски Емирати. Цел на состанокот беше запознавање на локалната самоуправа со започнатите активности од страна на Глобал Инвестмент Фонд околу реконструкција на Хотелот Евтропа во Отешево кој во изминатиот период беше доведен во исклучитело тешка состајба , а од неодамна е во сопственост на компанијата од Обединетите Арапски Емирати.Градоначалникот на Општина Ресен изрази задоволство од заинтересираноста на странскиот инвеститор за инвестирање во туристичкиот сектор како една од најзначајните стопански гранки во Преспа, како и од тоа што на повидок е решение на еден од најгорливите проблеми на преспанскиот туризам.
Според зборовите на Абдулбари Салах менаџер во Глобал Инвестмент Фонд ,фирмата од Емирати која веќе регистрирала фирма во Република Македонија , се да инвестираат во повеќе сектори во Република Македонија во делот на енергетика, гасификација и туризам. На преспанското крајбрежје би инвестирале во реконструкција на Хотелот Европа како и во можни додатни инвестиции во туристички капацитети на преспанското крајбрежје.
Се очекува градежно реконструктивните работи на реконструкција на Хотел Европа да завршат во текот на 2017 година по што би се пристапило кон ентериерно опремување на хотелот.Градоначалникот на Општина Ресен изрази задоволство од заинтересираноста на странскиот инвеститор за инвестирање во туристичкиот сектор како една о