Над 120 локации ќе обезбеди општина Росоман за изградба на куќи во типска населба, информираше денеска градоначалникот Стојанче Лазов. Како што појасни тој, секој од плацовите за изградба на индивидуални станбени објекти ќе биде со површина од над 500 квадратни метри.– Ние во потполност се согласивме за учество во проектот за изградба на типски населби со подигнување на куќи за млади. Засега голем број млади доаѓаат и се интересираат за проектот кој е новина, па се надеваме дека дел од нив и навистина ќе одлучат на ваков начин и со поволности, да го решат своето станбено прашање, соопшти градоначалникот.
Тој додаде дека покрај овие локации, Општината има и плацови на други места кои може да ги понудат на заинтересираните лица.
Информираше, исто така дека во селото Сирково има урбанистички план и се знае каде ќе се шири ова населено место кога се во прашање локациите за нови станбени објекти. За Сирково, Манастирец и Паликура пак, се изготвуваат документите благодарение на што во иднина ќе се изберат и локациите за градба.– Ние во потполност се согласивме за учество во проектот за изградба на типски населби со подигнување на куќи за млади. Засега голем број мла