Општина Росоман уште од првиот ден по невремето во Скопско е активно вклучена во санирањето на штетите од поплавите.Портпаролот на општината Ѓорѓи Крстевски денеска изјави дека доброволци од Росоманско секојдневно учествуваат во отстранувањето на последиците од елементарната непогода.
– Работници од Јавното комунално претпријатие секој ден им помагаат на поплавените семејства во справувањето со штетите во нивните домови кои настрадаа од невремето, рече Крстевски.
Тој информира дека општината има испратено и проценители кои работат на проценка на штетите на терен.
– Истовремено, млади росоманци самоиницијативно секој ден патуваат за Скопје и помагаат во Сингелиќ и во Стајковци. Отворен е и пункт во Росоман за собирање на помош и таа се доставува во поплавените места, нагласи Крстевски.Портпаролот на општината Ѓорѓи Крстевски денеска изјави дека доброволци од Росоманско секојдневно учествуваат во отстранувањето на последиците од е