Штипската библиотека, Советот на млади и Американското катче ќе го одбележат празникот на виното и љубовта.Св.Трифун и Св.Валентајн се причина за организирање на нов перформанс во библиотеката „Гоце Делчев“.Во нивна чест, ќе се одржи поетско читање :
– Ученици од основните и средните училишта од Штип ќе читаат љубовна поезија на македонски и на англиски јазик – кажа Соња Манева, НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип.
Овој настан, ќе се реализира во очи на двата празника:
– Настанот ќе се одржи во петок, 12-ти февруари со почеток во 12 часот, под мотото „Оној што легнува со книга, никогаш не се буди сам – рече Манева.
Ова е прв ваков настан во штипската библиотека и на истиот се покануваат сите ученици од Штип, како и останатите граѓани кои се љубители на убавиот пишан збор.Св.Трифун и Св.Валентајн се причина за организирање на нов перформанс во библиотеката „Гоце Делчев“.Во нивна чест, ќе се одрж