Општина Штип стана дел од десетината градови од ЈИЕ кои ги исполнија условите и се стекнаа со сертификатот за општина со поволно деловно опкружување.Општина Штип ги спроведе неопходните реформи, го подобрија работењето на администрацијата и ги исполнија забелешките кои ги постави Националната агенција за локален еконоски развој со што се стекна со називот „Поволно деловно опкружување“ односно е „пријателски-бизнис општина“ и на тој начин заслужено го добија првиот Регионален сертификат за ваков тип на локални самоуправи како што има во Хрватска, БиХ, Србија и други балкански држави, вклучително и општини од Македонија.
Стабилна и еконономски развиена општина е предуслов за привлекување на инвестиции па затоа и ваквиот тип на сертификација претставува еден тип виза, односно меѓународен печат за секоја општина која сака да ги зголеми инвестициите и да го подобри своето деловно опкружување.
Преку процесот на сертификација општините испраќаат позитивна порака дека се отворени за соработка со странските и домашните инвеститори и дека нудат стандардизирани услуги, согласно строго дефинираните критериуми за сертификација, а сертифицираните бизнис-пријателски општини се гаранција дека на потенцијалните инвеститори ќе им овозможат квалитетна и соодветна услуга за инвестирање, отпочнување и развој на својот бизнис.Општина Штип ги спроведе неопходните реформи, го подобрија работењето на администрацијата и ги исполнија забелешките кои ги постави Нацио