Општина Штип ги потсетува граѓаните кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изградени обејкти, дека за нешто повеќе од две недели истекува рокот за комплетирање на документацијата.Имено, барањата кои беа доставени во првиот рок, во 2011 година (март-септември) согласно Законот треба да бидат со комплетирана документација најдоцна до 31 декември 2016 година. Во најголем дел, недостигаат елаборати, заради што Општина Штип апелира до оние кои имаат предмети за легализација а не ја докомплетирале документацијата, тоа да го сторат до 31 декември, во спротивно предметот ќе биде одбиен заради непотполни документи.
Апелираме граѓаните да не го чекаат последниот ден за да го завршат ова, со цел да бидат избегнати турканици и нервози и обвинувања дека не биле навреме информирани за роковите.
Оние кои поднеле барање за легализаицја во вториот рок, имаат обврска да ја докомплетираат документацијата до 31 декември 2017 година.