Општина Штип: Работилница за судски преводи

Филолошкиот факултет организира работилница на тема „Актуелната состојба со судскиот превод во Македонија“. 
Работилницата е на 11 април 2016 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во Амфитеатарот на Кампус 4. Покрај УГД организатор на настанот е и Здружението на преведувачи на Република Македонија.Се покануваат да присуствуваат:
– актуелни и идни судски преведувачи,
– студенти на насоките за преведување и толкување,
– нотари, адвокати и сл.
Програма за настанот е следна:
– Сандра Ангеловска-Богатиноска како координатор на Работната група за судски превод на ЗПРМ ќе ги претстави предвидените промени со новиот Закон за проверка на знаењето на судските преведувачи.
– Соња Китановска ќе ги изнесе наодите од анализата направена во рамките на дипломскиот труд на тема „Судски превод – практиката и ставот на судските преведувачи и нивните клиенти во Р. Македонија“.
– Ана Попова-Манасиевска ќе подготви приказ на отворени прашања што претставуваат проблем при судскиот превод.
– Урош Ташев од Велес и Марија Секуловска од Кичево ќе испратат писмени прилози во врска со судскиот превод што ќе бидат претставени на работилницата.
  
Работилницата е на 11 април 2016 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во Амфитеатарот на Кампус 4. Покрај УГД о

Пронајдете не на следниве мрежи: