Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска најави дека ќе продолжат инвестициите во изградбата или реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа во државата. Тој посочи дека преку Европската банка за обнова и развој се обезбедени околу 59 милиони евра од кои досега се искористени околу 20 милиони евра, а останатите им се ставени на располагање на општините.– Досега целосно се завршени 23 проекти, некои се во тек и се очекува општините да аплицираат за останатите средства кои и се ставени на располагање на Република Македонија. Жалам што дел од општините кои се под раководство на СДСМ не поднесуваа апликации за користење на овие средства бидејќи ценеа дека заради политички причини треба да ги казнат граѓаните. Тоа не е добар пристап. Тоа е прилично лош пристап затоа што градоначалник што ги казнува граѓаните, подоцна ќе биде казнет од граѓаните, изјави Груевски по посетата на Клиниката за гинекологија.
Таков пример, како што посочи Груевски, е градоначалникот од Куманово.
-За овој град, преку Министерството за транспорт се обезбедени средства за водовод и канализација, но и покрај сите апели од граѓаните и Владата, градоначалникот не доставил проекти или барање, дури не одговорил ниту на понудата да му биде помогнато.– Досега целосно се завршени 23 проекти, некои се во тек и се очекува општините да аплицираат за останатите средства кои и се ставени на