НУ-УБ „Гоце Делчев“ од Штип е добитник на големо признание кое го доделува бугарскиот град Стражица. Општинската награда „Ангел Караличев“ и е доделена на штипската библиотека како резултат на успесите постигнати во изминатиот период. Наградата и беше врачена на делегација од Општината минатата недела на свеченост во Стражица, во која беше и директорката Милена Ристова-Михајловска,:- Ова е големо признание за нас, потврда за сиот ангажман кој го прави целата екипа, сите вработени во библиотеката за афирмирање на културата, на книгата и секако она што го реализиравме во изминатите 5-6 месеци. Со поддршка на Општина Штип и градоначалникот, направивме амфитеатар пред библиотеката кој е место на оддржување на културни манифестации, ја средуваме библиотеката внатре, го зголемуваме бројот на оддржување на културни манифестации што резултира со позитивен ефект. Голема благодарност до вработените, до општината и градоначалникот, и сите други за поддршката што ни ја даваат – изјави Ристова-Михајловска.
Во Стражица, библиотеката оддржа промоција на 130 тома македонска книжевност, проект на Министерството за култура со кои бројни класици на македонската книжевност за пристојна цена се достапни до сите читатели.
„Кога како менаџер-директор на инстуцијата ќе се постави вистинска личност, стручно компетентна, посветена, и кога ќе се направи спој помеѓу знаењето, младоста,ентузијазмот, креативноста од една страна и мудруста и искуството од друга страна успесите се неизбежни„ се вели во краткиот допис од вработените на библиотеката до штипската јавност.
Инаку Општините Штип и Стражица уште пред десетина години имаат потпишано меморандум за соработка а пред некој месец истиот е обновен и збогатен со нови можности за соработка во кој влегуваат културата, образованието и подготовка на меѓународни проекти.
Покрај библиотеката, со свои изведби пред бугарската публика се претставија и учениците од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ и Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ од Штип.А свој настап имаше и групата „Орнаменти“.- Ова е големо признание за нас, потврда за сиот ангажман кој го прави целата екипа, сите вработени во библиотеката за афирмирање на култ