четврток, 12 ноември 2026
Најново

Орав: Мислам дека сите партии ќе сфатат многу сериозно и ќе се подготвуваат за изборите на 5 Јуни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Амбасадорот на ЕУ во Македонија  Аиво Орав, се надева дека сите партии ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори кои се закажани  на  5 Јуни.Тој  констатира дека во делот на медиумите е постигнат одреден баланс и таквата  ситуација треба да продолжи и по изборите на 5 Јуни.
Орав   во интервју за ТВ НОВА одговара дали постои волја  кај сите партии за учество на изборите на 5 Јуни ?
-Да мислам дека доколку  намерата на парламентот било тоа ,  да ги одложи изборите во тој правец , мислам дека сите партии ќе го сфатат многу сериозно и ќе се подготвуваат за изборите на 5 Јуни.  Добрата работа е дека сега имаме доволно време да обезбедиме  еднакви шанси за сите партии, за да има кредибилни и фер избори. Се надевам  дека  избирачкиот список ќе биде прочистен и  имаме  доволно време за тоа.  Во делот на медиумите видовме  неколку чекори кон балансирано известување и сега е клучно тоа да продолжи  по распуштањето на парламентот и по изборите на  5 Јуни, рече Орав.Тој  констатира дека во делот на медиумите е постигнат одреден баланс и таквата  ситуација треба да продолжи и по изборите на 5 Јуни.

Поврзани вести