Обраќајќи се до членовите на парламентот на приватен состанок, унгарскиот премиер Виктор Орбан ги обвини Германија и Турција дека склопиле таен пакт со цел да ја преплават Европа со бегалци.Според деталите наведени во унгарските медиуми, Орбан наведе дека поседува информации за спогодба потпишана помеѓу Турција и Германија, а која е толку шокантна што никој не смее да ја објави во јавност, пишува Breitbart.com.
Орбан наведе дека како последица од потпишувањето на спогодбата во Германија ќе бидат пратени пола милион мигранти. Кога ќе пристигнат во Германија, мигрантите ќе можат да се прераспоредат насекаде низ Европа според прописите кои одредуваат сите членки на ЕУ да носат подеднаков товар, изјавил Орбан.
Иако во претходната година во Германија пристигнале околу 1,5 милиони мигранти, Орбан наведува дека се очекуваат уште најмалку 500.000 и дека Европа ќе биде „под опсада“ од мигранти.
Германија веќе преговараше со Турција во име на Европската Унија, обезбедувајќи ѝ милијарда евра за да го успори протокот на мигранти во Европа.
Доколку се докаже дека Германија навистина склопила таен договор со Турција за да се преплави Европа со мигранти, тоа ќе биде голем политички проблем за канцеларката Ангела Меркел и нејзината влада.
Виктор Орбан е еден од најискрените лидери во Европа без влакна на јазикот, кој и покрај противењето на останатите членки на ЕУ, постави жичена ограда долж јужната граница на Унгарија за да спречи понатамошен проток на мигранти.
Со линија на помал отпор, на десетици илјади мигранти тргнале по друг пат, преку Словенија и Австрија. Иако бранот на илегални миграции едно време значително опаднал, сега повторно расте бидејќи и Австрија почна да ги затвора своите граници. Унгарија ѝ честиташе на Австрија за тој потег.Според деталите наведени во унгарските медиуми, Орбан наведе дека поседува информации за спогодба потпишана помеѓу Турција и Германија, а која е то



