Денеска /16.11.2016 година, среда/ во салата на Советот на Град Скопје се одржа конференција на тема „Инспирирај за компјутерска иднина“, кој се спроведува во рамки на проектот „Девојки во технологија: Намалување на родовиот јаз во техничките професии“.На отворањето на конференцијата се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-Нашата цел е Скопје да стане родово еднаков град и оваа цел се трудиме да ја реализираме, пред се преку исполнување на оврските превземени со усвојувањето на Стратегиите за родова еднаквост на градот. Но, со задоволство поддржуваме и проекти како овој во кои учествуваат и младите и имаат за цел да ја зголемат свеста за одредени општествени појави кај сите нас. Информираноста и едукацијата за родовите прашања е особено важна за средношколската популација, од која очекуваме многу појасно и похрабро да ги согледа работите и да биде иницијатор на идните промени – кажа градоначалникот Трајановски.
Во рамки на настанот беше презентирана анализата „Средношколците и природните науки: Анализа на ставовите и перцепциите од родов аспект“ од страна на Ана Мицковска-Ралева од Центарот за истражување и креирање политики.
– Она што го знаеме веќе подолго време е дека во професиите постои родова сеграгација, што значи дека постојат „типични машки професии“, најчесто од областа на технологијата и слично, и „типично женски професии“, коишто повеќе се поврзуваат со областите на грижа, образование и слично. Оваа поделба е на некој начин вештачка, но истата предизвикува нееднаквост на пазарот на труд бидејќи професиите коишто се поврзани со техниката и технологијата се подобро платени, додека професиите кои повеќе ги извршуваат жени се помалку платени. Со самото ова мажите и жените имаат нееднакви приходи и нееднакво се вреднува нивниот труд. Сите овие појави се појавуваат поради постоењето на стереотипи за постоење на „машки и женски професии“ кои упорно се провлекуваат и покрај сите напори и активности за нивно разбивање – кажа Мицковска-Ралева.
Конференција „Инспирирај за компјутерска иднина“ се спроведува во рамки на проектот „Девојки во технологија: Намалување на родовиот јаз во техничките професии“, и истиот го реализира Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), со поддршка на Град Скопје.
На конференцијата се обратија Марија Календар, професорка на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Емилија Талевска, софтверски инжeнер во RewardGateway, како и Ана Софи Клоп, ученичка во завршна година во NOVA International Schools
Дискусијата беше модерирана од страна на Моника Ризовска, Менаџер за бизнис развој на Girls in Tech-Macedonia.На отворањето на конференцијата се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-Нашата цел е Скопје да стане родово еднаков гр