Ормански поток во Берово исчистен од наносен материјал

Согледувајќи ги реалните потреби и состојбите на водотеците, Општина Берово во изминатиот период изврши активности за чистење на дел од Ормански поток.Чистењето на овој природен водотек од наносен материјал и вегетација се извршува со цел да се спречи излевањето на водата надвор од коритото, со што ќе се заштитат од поплави објектите кои се наоѓаат во близина на потокот како и улицата која оди паралалено со него, и истото е во согласност со програмите за чистење на природни водотеци, за коишто во Буџетот на Општина Берово постојано се одвојуваат средства.
-Преку Министерството за транспорт и врски обезбедивме нафта која ја искористивме за чистење на потокот зашто знаеме дека при поројни дождови потокот се излеваше и водата одеше по сообраќајницата отежнувајќи го сообраќајот. Понатаму ќе продолжиме со чистењето на потокот по целосната негова должина до вливот во реката Брегалница – изјави градоначалникот Наџински.
Преку издвојувањето на средства за реализација на вакви превентивни проекти, Општина Берово постојано позитивно придонесува во услови на обилни врнежи можностите за поплави на објекти и имот во Берово и околината да бидат намалени на минимум.Чистењето на овој природен водотек од наносен материјал и вегетација се извршува со цел да се спречи излевањето на водата надвор од коритото, со шт

Пронајдете не на следниве мрежи: