Оскаровецот Џон Сил одржа мастер класа пред преполна сала на фестивалот „Браќа Манаки“

ИФФК „Браќа Манаки“ со задоволство соопштува дека настан што предизвика најмногу интерес на денешната фестивалска програма е мастер класата на лауреатот на Златна камера 300 за животно дело, оскаровецот Џон Сил. Пред преполната сала во Центарот за култура во Битола, славниот австралиски кимнематографер говореше за почетоците на својата кариера како фотограф и снимател во телевизиските студија во Австралија.-Во 60 –тите години, во Австралија занимавањето со фотографија и со снимање не се сметаше за сериозна професија, требаше да се работи некоја „вистинска“ работа, но јас едноставно го сакав тоа. Работевме многу напорно во тоа време, камерите беа огромни, се снимаа првите реклами и тв серии, но тоа беше добар тренинг, имавме многу слобода и тоа беше апсолутно фанатастично, рече Сил.
За професионалното напредување и усовршување за Сил како снимател, било драгоцено искуството стекнувано од работата со други сниматели/camera operators- кинематографери/cinematographers, калејќи се на патот до самостоен кинематографер со тоа што на многумина искусни колеги кинематографери им бил снимател/camera operator, па дури и во сопствените филмови како кинематографер тој ја извршувал снимателската работа, што е клучна карактеристика во неговата кариера.
Џон Сил вели дека филмот не треба да се прилагодува на некоја стриктна и предвидлива техника на снимање, туку снимањето треба да ја следи содржината на филмот.
-Не сакам да бидам таков кинематографер што работи толку предвидливо, па кога ќе го видите филмот веднаш знаете за кого се работи и без да му го прочитате името. Се обидувам да работам на вариететни филмови и да го прилагодам начинот на снимање на самиот филм и содржината, наместо филмот да го прилагодувам кон светлото – рече Сил.
Тој додаде дека секое сценарио е различно и треба да му се пристапи од различен агол.
-Треба да ја зграпчите публиката, да ја вовлечете во филмот и да не и’ дозволите да излезе – вели Сил.
Околу снимањето на реклами, работа со која што се занимаваат многу кинематографери покрај снимањето филмови, Сил вели дека не сака да го работи тоа, бидејќи техниката на снимање на реклами лесно може да му повлијае на кинематограферот во снимањето филмови.
Најџер Волтерс, поранешен претседател на ИМАГО, кој го водеше разговорот со него, му постави и едно лично прашање – како го одржувал својот долгогодишен брак и покрај професијата која вклучува многу патување и отсуства од домот.
-Најтешкиот начин да се живее животот е кога си со месеци одвоен од семејството. Додека децата беа помали, се селевме низ светот, но откако пораснаа стануваше се’ потешко да ги натераме да ги менуваат училиштата и државите – рече Сил, а Луиз, неговата сопруга која што беше присутна во салата доби голем аплауз од публиката.
Сил говореше и околу искуствата од снимањето на еден од најзначајните филмови во неговата биографија – „Англискиот пациент“ на режисерот Антони Мингела, со Жулиет Бинош во главната улога, за кој освои Оскар во 1997 година.
Сил објасни дека филмот е работен по книга која е толку комплексна, што режисерот го изработил сценариото така што со часови седел и ја препрочитувал одново и одново, се’ додека не ја екстрахирал сржта на романот – а тоа е љубовната приказна.
Публиката во салата, меѓу која беше и вториот оскаровец Алан Старски, гостин на фестивалот, кој вчера одржа мастер класа, го испрати Сил со громогласен аплауз.
На редовната прес конференција, денеска Благоја Куновски Доре, како селектор на главната програма ги претстави Владан Радовиќ, кинематограферот на италијанскиот филм „Како луди“ и Румен Ќамилов, кој говореше за историската вредност на карикатурите на Василие Поповиќ – Цицо, кои во моментов, во голем формат, се изложени во прес центарот на фестивалот.
Куновски, најпрво го изрази своето задоволство од посетеноста на фестивалските проекции и реакциите на публиката, а потоа го претстави кинематограферот Владан Радовиќ, кој на „Браќа Манаки“ гостува по втор пат. Радовиќ кој на овој филм работеше со режисерот Паоло Вирзи, на прес конференцијата говореше за своето искуство од работењето на еден ваков интересен филм, сниман во ментална институција, каде што професионалнте актери и пациентите учествуваат во филмот рамо до рамо.
Приказната е за две жени во ментална институција кои развиваат пријателство, а трагиката и комедијата во филмот постојано се испреплетуваат на илјадници начини. Публиката на фестивалот по вчерашната проекција на „Како луди“ реагираше со громогласен аплауз.
Радовиќ објасни дека имал задоволство да работи со две одлични актерки, кои одлично го прифатиле условите на снимање и мајсторски ги одиграле своите улоги.
-Седумдесет отсто од глумците беа автентични луѓе од институцијата. За сето времена сетовите беа присутни и нивните доктори, но мисам дека нашите глумци одлично се вклопија во таа ситуација – вели Радовиќ.
Тој рече дека на снимањата најчесто работи со своја сопствена екипа, која добро го познава неговиот начин на работа, а задоволство му е да работи и со млади режисери кои внесуваат свежина во работата која многумина ја земаат здраво за готово. Румен Ќамилов, фотограф и познавач на историјата на македонската кинематографија, ги претстави цртежите на сценографот Василие Поповиќ – Цицо, изложени на фестивалот.
-Ова е материјал кој е навистина драгоцен. Случајно е пронајден во архивите На „Вардар филм“. Ова не се карикатури, ова се животни дела и повеќе би сакал да ги карактеризираме како еден живопис на македонската професионална кинематографија. Филмот во Македонија е сериозно културно наследство на кое што треба да се биде горд – рече Ќамилов.
На цртежите на Василие Поповиќ –Цицо, се насликани познати актери, сценографи, сниматели, фотографи како и лауреати на „Златна камера 300“. Уметничкиот директор на фестивалот, Гена Теодосиевска го претстави ерменскиот режисер Арман Јерицјан, чиј докуметарен филм „Еден, два, три“ беше прикажан на фестивалот во програмата Најдоброто од „Златната кајсија“ филмскиот фестивал во Ерван.
Овој документарен филм е приказна за старите луѓе во Ерменија, кои се оставени сами на себе и се обидуваат да внесат некаква радост во секојдневието.
-Кога ги среќаваме постарите луѓе од нашата непосредна околина и од нашето семејство, сфаќаме дека она што им е навистина потребно е некој да им обрне внимание, да разговара со нив и да ги ислуша нивните приказни. Кога им пријдов на луѓето и им објаснив дека сакам да снимам филм за нив тие најпрвин ме гледаа со чудење и прашуваа зошто токму тие некому би му биле интересни за филм. По два месеци разговори и комуникација со нив, без да ги снимам, тие конечно се опуштија и пред камерите беа сосема природни што е многу значајно за секој документарен филм – објасни Армен Јерицјан и додаде дека и откако завршило снимањето, се уште оди да ги посети старите лица кои што го прифатиле како свој син.
Јерицјан говореше и за потребата од наоѓање средства за снимање од фондовите, бидејќи никој не сака да спонзорира документарци со таква тематика. Околу состојбите во ерменската кинематографија, пак, тој истакна дека документарните филмови во моментов котираат највисоко и по квалитет и по популарност. Д
оцна вечерва, во Битола пристигнува светски познатиот британски продуцент Сајмон Пери кому Друштвото на филмски професионалци на Македонија, годинава, му ја доделија наградата „Голема ѕвезда“ за исклучителниот придонес за македонската кинематографија.-Во 60 –тите години, во Австралија занимавањето со фотографија и со снимање не се сметаше за сериозна професија, требаше да се работи некоја

Пронајдете не на следниве мрежи: