Ослободете се од мирисот на цигари во вашиот дом!

Мелени зрна кафе или активен јаглен?Мирисот на цигари е страшно непријатен, но постојат неколку методи на отстранување на долготрајниот мирис и  сите се на природна база.
Оцетот е одличен за неутрализирање на миризбата. Дрвениот мебел третирајте го така што ќе го исчистите со разреден оцет со топла вода и ќе пребришете со памучна ткаенина. За тапацираниот мебел треба малку повеќе време, но може да се икористи истата техника.
Доколку ви пречи мирисот на оцет, обидете се со сода бикарбона. Таа одлично ги апсорбира мирисите и одлична е за решавање на проблемите во внатрешноста на плакарите. Ставете сад со сода бикарбона 24 часа и ќе ги впие сите мириси. Исто така, содата многу повеќе ќе ви помогне со тапацираниот мебел отколку оцетот. Прво добро исчистете го мебелот со правосмукалка, потоа посипете ја цела површина со сода, оставете 24 часа и потоа телемно повторно исчистете со правосмукалка.Мирисот на цигари е страшно непријатен, но постојат неколку методи на отстранување на долготрајниот мирис и  сите се на природна база.

Пронајдете не на следниве мрежи: