Основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Драчево на 25.10.1990!

Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ се одржа на 17 јуни во домот на младите „25 Мај“ во Скопје. Свечениот дел на собранието ќе започне со исполнување на македонската химна од страна на Јонче Христовски и Зоран Марковски.Во преполнетата сала во првиот ред седеа Панде Ефтимов, Ѓорѓи Доцев, Владо Транталовски, Гојко Јаковлевски, Стојан Ковачев, Стево Доневски-Мајката и други. Собранието ќе го води Дијана Транталовска, записничар Биљана Транталовска, која живее во Кичево, а членови Златко Трпковски и Перо Мицевски. Професор Венко Вчков ќе биде претседател на верификациската комисија.
Во работното претседателство се новинарот Ванчо Механџиски и Стево Доневски-Мајката. На собранието ќе говореше Љубчо Георгиевски, прогласот го прочита Борис Змејковски, додека емиграцијата ќе ја претстави со посебен реферат Гоце Македонски од Берлин, а со посебен поздравен збор ќе се јават Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн, кој ќе го поздрави собранието во име на редакцијата „Македонија“ и од редакторот Панко Стамковски од Мелбурн, Австралија. За збор ќе се јави и Стево Доневски-Мајката од Берлин, а последен присутните ќе ги поздрави Панде Мицев, член на тајниот комитет на ОМО „Илинден“, Пиринска Македонија-Бугарија.
Се изврши избор на раководство на партијата ВМРО-ДПМНЕ. За претседател на партијата ќе биде избран Љубчо Георгиевски, а за секретар Борис Змејковски.
По изборот на раководството во салата во наредните месеци следуваат основачките собранија во Ресен, Охрид, Прилеп, Гостивар и другите места во Република Македонија. Партијата ВМРО-ДПМНЕ се регистрира на 3 август во Скопје во регистарот на партиите што се води од страна на Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Собрание на градот Скопје-Градски секретаријат за внатрешни работи под УП.бр.386918/г на 3.8.1990 година партијата ја запишува во регистарот: ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство под реден број 1288 со седиште на партијата на улица Горно Врановска бр. 122, општина Кисела Вода-Скопје.
Првите парламентарни избори се одржаа во ноември-декември 1990 година и на нив учествува партијата ВМРО-ДПМНЕ. На тие избори партијата добива 38 пратеници во парламентот.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваат: Љубчо Георгиевски, Ламбе Арнаудов, Митко Анастасовски, Никола Апостоловски, Драган Арсов, Драги Гроздановски, Владимир Голубовски, Јордан Бошков, Доста Димовска, Ратка Димитрова, Борко Ѓорчевски, Горан Зафировски, Борис Змејковски, Љупчо Јакимовски, Цветан Јовчевски, Кирил Ковачевски, Биљана Котевска, Ташко Киров, Зоран Китев, Никола Крстевски, Биљана Лазаревска, Вецко Личовски, Коле Луловски, Трајан Мицевски, Богдан Неделковски, Томислав Пецков, Томислав Стевковски, Ацо Спировски, Томислав Стојановски, Стоиле Стојков, Благоја Тошев, Петре Трајковски, Душан Трпчевски, Гоце Темелковски, Александар Флоровски и Благоја Чкатровски.
Со вклучување во политичкиот живот и во работата на повеќепартискиот парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе создаде демократски политички амбиент со залагање за независна Република Македонија.
Во продолжение имате прилика да погледнете едно од основачките собранија кои се одржаа во Република Македонија, поточно во Драчево на 25.10.1990 година:
Во преполнетата сала во првиот ред седеа Панде Ефтимов, Ѓорѓи Доцев, Владо Транталовски, Гојко Јаковлевски, Стојан Ковачев, Стево Доневски-Мајката

Пронајдете не на следниве мрежи: