Основачко собрание на здружението ВОЛВОКС – Битола

Иницијативниот одбор за формирање на Здружение за напредно современо образование ВОЛВОКС основачкото Собрание го закажа за среда 07.10.2015 година со почеток во 19.00 часот во свечената сала во хотел „Милениум“ во Битола.Здружението се формира како одговор на општествената потреба за поддршка на образованиот систем во сите сегменти на неговата структура почнувајќи од опфат на тригодишните деца со програмите за ран детски развој до високото образование.
Здружението ВОЛВОКС подеднакво внимание ќе посвети како на формалното така и на неформалното образование и креирањето можности за напредно образование на талентираните и надарени деца.
Основните столбови на функционирање на здружението се партнерствата со:
– институциите на образовниот систем;
– воспитно образовните установи и стручни служби и;
– други субјекти поврзани со образовниот процес во Република Македонија.
Здружението својата работа ја организира на подрачјето на општина Битола, а ќе дејствува на национално и меѓународно ниво.Здружението се формира како одговор на општествената потреба за поддршка на образованиот систем во сите сегменти на неговата структура почнувајќи о

Пронајдете не на следниве мрежи: